Печати

Продолжува имплементацијата на проектот „Пороци кај младата популација“

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Денеска во општината Ѓорче Петров беше остварена средба меѓу Директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, Градоначалникот на општина Ѓорче Петров и Директорите на основните училишта во оваа општина. На средбата беше презентиран проектот „Пороци кај младата популација“, чија основна цел е подигање на свеста на учениците за заштита и превенција од пороците, кои се честа појава кај младите.

Проектот започна во основните училишта во општина Чаир и Шуто Оризари, а во декември 2012 година успешно беше спроведен и во основните училишта во општина Аеродром. Во досегашниот период во рамки на едукативните работилници беа вклучени околу 4000 деца од VI-VIII одделение.

Во месец февруари неговата имплементација продолжува во основните училишта во општина Ѓорче Петров во соработка со општината и основните училишта, каде се очекува да бидат опфатени околу 1000 ученици.

 

Во натамошниот период Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи со спроведување на активностите од овој проект и во другите општини во Република Македонија, со што главната цел е охрабрување на младите да ги избегнат негативните појави, истовремено помагајќи им во градењето на здрави животни навики и добро однесување.