Печати

КОНКУРС за доделување средства за 2013 година

вклучено . Објавено во Соопштенија

Се објавува Kонкурс за доделување средства за 2013 година, од:

1.Програма за развој на спорт и млади за 2013 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 4/13) и
2.Програма за распределба на средства од игри на среќа и за забавните игри за 2013 година за финансирање на националните спортски федерации, спортски клубови и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 4/13).

1. Програма за развој на спорт и млади за 2013 година

1.

 

Партиципација за финансирање на меѓународни програми на националните спортски федерации – врвен спорт

Средствата се наменети за ограничена поддршка на програмите на националните спортски федерации заради остварување норми на потенцијални спортисти и национални тимови за учество во рамки на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 година, вклучително спортисти и национални тимови кои со своите настапи во рамки на меѓународниот систем на натпревари може да се стекнат со категорија – спортисти од  светска и меѓународна категорија

2.

Партиципација за финансирање на прворангирани клубови во националниот систем на натпревари

Средствата се наменети за финансирање на тренажните процеси на највисоките младински категории во прворангираните клубови заради нивно учество во рамки на меѓународен систем на натпревари

2. Програма за распределба на средства од игри на среќа за 2013 година

 

1.

Партиципација за финансирање на националните спортски федерации заради обезбедување нивна функционалност и за функционирање на националниот систем на натпревари

Средствата се наменети за партиципација заради обезбедување непречена функција на националните спортски федерации, а се насочени за: партиципација за стручна работа на генералните секретари и административци; обезбедување просторни услови; функција на органи и тела во федерациите како и за функционирање на националниот систем на натпревари

2.

Партиципација за финансирање на националните спортски федерации за стручна работа со спортисти поединци и национални тимови

Средствата се наменети за партиципација на националните спортски федерации за финансирање на стручна работа со спортисти поединци и национални тимови

3.

Партиципација за организација на трaдиционални спортски натпревари и манифестации 

Средствата се наменети за партиципација во финансирањето на традиционалните спортски натпревари и манифестации организирани во Република Македонија од страна на националните спортски федерации кои се од јавен интерес за спортот

4.

Партиципација за финансирање проекти за поддршка на талентирани млади спортисти

Средствата се наменети за партиципација за поддршка и промоција на проекти на националните спортски федерации, клубови и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот кои ќе промовираат и реализираат активности за откривање, рана спортска специјализација и грижа за млади талентирани спортисти во повеќе спортови со приоритет на развој на училишниот спорт, реализација на спортски кампови организирани за талентирани ученици и кампови за спортска специјализација на млади спортисти организирани од страна на националните спортски федерации

Апликациите за учество на „Конкурс 2013 година“ се преземаат на интернет страната на Агенција за млади и спорт www.ams.gov.mk во кои е даден опис на ставки по кои ќе се раководите. 

Апликациите за учество на „Конкурс 2013 година„ треба да се достават најдоцна до 01.02.2013 година на адреса: 

Агенција за млади и спорт
ул: „Франклин Рузвелт“, бр. 34
1000 Скопје
со назнака : ЗА „КОНКУРС 2013 “

Доставените материјали за КОНКУРСОТ не се враќаат.

 

 

     ДИРЕКТОР

м-р Лазар Поповски