Печати

НР Кина и донираше бадминтон и пинг-понг опрема на Агенцијата за млади и спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

На доделувањето присуствуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, амбасадорот на НР Кина, неговата екселенција Цуи Џивеи, како и претседателите на МОК и на бадминтон и пинг-понг федерациите, Васил Тупурковски, Диме Стефановски и Јован Дабевски.

Опремата која АМС ја доби од НР Кина, ќе им биде доделена на двете федерации, најави директорот Поповски.
Кина ги има најдобрите пинг-понгари во светот, а бадминтон е спорт бој еден во оваа држава. Сметам дека со оваа донација, ќе се подобрат условите за тренирање и кај нас, и ние ќе покажеме дека можеме да постигнеме високо спортско ниво во овие спорта- рече Поповски.

Амбасадорот на Кина, неговата екселенција Цуи Џивеи, смета дека во Македонија има потенцијал да се создадат одлични врвни спортисти во овие два спортови.

Мило ми е што за многу кратко време од нашата прва средба во јули, дојдовме до реализација на оваа донација. Количината која сега ја даруваме не е голема, но е симбол за една плодна и успешна соработка меѓу нашите земји. Македонија има потенцијал за развивање на бадминтон и пинг-понг спортот и на своето тло- рече амбасадорот Џивеи.

И претседателите на МОК и на бадминтонот и пинг-понг федерациите позитивно ја оценија оваа донација бидејќи, како што рекоа, таа најпрво доаѓа од една од најголемите олимписки велесили. Со донацијата сега ќе се обезбедат одлични услови за тренирање на младите кои се занимаваат со овие спортови.

Донацијата се состоеше од рекети за бадминтон и пинг-понг, бадминтон терени и постаменти, маси за пинг-понг, како и дополнителна опрема.