Печати

Oдржана едукативна спортска работилница на тема: „Кошарка“

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Најпрвин во Монтесори центарот, преку картички и фотографии децата се запознаа со историјатот на кошарката, видоа како изгледало првото кошаркарско игралиште и се запознаа со Џејмс Нејсмит - наставникот по физичко кој пред 121 година ја измислил кошарката како спорт. Во „Кошаркарската сала на славните“ во Спрингфилд, Масачусетс и во Музејот на Џејмс Нејсмит децата се запознаа со најпознатите светски кошаркари, ја видоа изложбата на пехари, трофеи, но и изложбите на дресови и патики. Разговаравме и за големиот успех на Македонската кошаркарска репрезентација на Евробаскет 2011 во Литванија, а децата со гордост зборуваа за нивните идоли од кошарката.

За децата посебно беше интересно присуството на тренингот на КК „Водњански лисици“. Така одблизу имаа можност да видат како е организиран еден кошаркарски тренинг, да се запознаат со правилата на водење, додавање и фрлање на топката во кош. Секое дете имаше свој тренер од младите кошаркари и сите имаа можност активно да учествуваат во тренингот. Меѓу учесниците во работилницата имаше и деца кои веќе тренираат кошарка, па ова беше одлична можност да покажат својата умешност со кошаркарската топка. За крај, тренерот Игор Саздов ни ги покажа и дел од трофеите кои овој клуб ги има освоено на домашните и меѓународните турнири и натпреварувања. Како спомен од оваа работилница, Агенцијата за млади и спорт на децата им подари CD со најпознатите.