Печати

2 сребрени и 1 бронзен медал од Европско Првенство, Букурешт, Романија

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Гордана Цветковска Бошевска -65кг кик лајт го освои бронзениот медал и со тоа нејзината колекција стана побогата за уште еден медал.

Со сребро се закити и Димитар Ѓеоргиев -74кг кик лајт. Златоното момче од светското првенство во Скопје го потврди својот квалитет.

Ненад Манојловски -69кг кик лајт е третиот медалист кој освои сребро. Ненад со својот квалитет во сите борби доминираше и извојуваше победи. Златото му избега од раце за само еден поен.

На ова Европско првенство имаше 509 натпреварувачи од 35 земји учеснички, а квалитетот на борби како и техничката подготвеност на сите натпреварувачи беше на завидно ниво.

Ова е резултат на макотрпната работа на кик боксерите како и на стручниот тим на Македонската Кик Боксинг Федерација.

Исто така сакаме да искажеме јавна благодарност до АМБАСАДАТА и лично до Амбасадорот на Р.Македонија во Букурешт , Г-дин Борчо Дамјанов кој организираше прием во наша чест и ни овозможи радоста од освоените медали да ја споделиме со него и со вработените во самата Амбасада.