Печати

Извршена реконструкција на фискултурна сала во ОУ „Страшо Пинџур“ с.Крупиште – Карбинци и на топловодното греење во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт континуирано инвестираат во училишта и спортски објекти во Република Македонија.

Како дел од програмата за изградба и реконструкција на основни училишта во Република Македонија за 2012 година, реконструкцијата на постоечката фискултурна сала во ОУ „Страшо Пинџур“ е предложена од Општина Карбинци како приоритет, со што би се овозможило непречно одвивање на предметот спорт и спортски активности. Со инвестиција во износ од 3.443.198 денари изведени се градежни, градежно-занатски и инсталатерски работи за ставање на фискултурната сала во функција и тоа:
- Нова кровна конструкција и нов покривач од лим
- Нови прозори и врати од ПВЦ профили
- Нова бетонска подлога и под од линолеум
- Нови керамички плочки
- Нова фасада

Целосната спортска опрема во објектот е инвестиција на Агенцијата за млади и спорт.

Со активностите за реконструкција на топловодното греење во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип, кои се изведуваа во текот на Септември и Октомври 2012 година, се имаше за цел да се реши проблемот созададен од долгогодишна употреба на старата цевна мрежа заради што биле набавувани непланирано поголеми количини на нафта. Вредноста на оваа реконструкција е приближно 3 милиони денари, при што со промената на цевната мрежа и новите, посилни циркулациони пумпи, кои се димензионирани според потребите на училиштето ќе се намалат потребните средства за нафта, а со сервисирањето на горилниците ќе се постигне поголем ефект на искористливост на нафтата.