Печати

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА

вклучено . Објавено во Соопштенија

Врз основа на Законот за волонтерство (Сл. Весник на РМ бр. 85/07 и 161/08) Програмата за волонтирање со арх.бр. 03-1291/1 од 20.06.2012 година , донесена од Агенцијата за млади и спорт , Агенцијата има потреба од ангажирање на волонтери


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати , да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Агенцијата за млади и спорт , и тоа:

- 3(тројца) волонтери со завршен Правен факултет
- 3(тројца) волонтери со завршена ССС

Волонтерската работа ќе биде во времетраење од 1( еден ) месец .

Сите заинтересирани кандидати покрај апликацијата треба да достават:
- Мотивационо писмо ( во кое ќе се наведе и местото за кое аплицираат , како и причините и мотивите за волонтирање)
- Кратка биографија ( со податоци за контакт)
- Доказ за завршено образование
Потребните документи треба да бидат доставени на следната адреса:

АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ
Ул. Франклин Рузвелт бр 34, Скопје
Со назнака ,, за јавен повик за ангажирање на волонтери,,

Рокот за доставување на документите е 3 (три ) дена од денот на објавување на повикот. Изборот ќе се изврши во рок од 3 (три) дена . По завршувањето на постапката за избор на кандидати за волонтирање, избраните кандидати ќе бидат повикани за вршење на волонтерска работа.