Печати

Симболично означен почетокот на акцијата "Ден на Дрвото" со засадување на Мршевски рид

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Денес дипломатскиот кор поддржан од директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски, министерот за надворешни работи Никола Попоски. градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски и спортистот Вели Мунин симболично засадија садници на Мршевски рид, со што симболично ја означија есенската акција за пошумување. Акцијата ќе трае и во наредниве денови, додека на 21 ноември - официјално ќе се одржи "Денот на Дрвото" низ цела држава, кој е прогласен за неработен ден.

Реализацијата на акцијата за пошумување, како што соопшти општина Илинден, е од огромно значење за зачувувањето и унапредување на животната средина, па токму затоа уште од самиот почеток општината е активно вклучена во досегашните девет акции.

За ноемвриската акција под мотото „Спортски е да се сади“ граѓаните ќе засадуваат 3. 200 000 садници на површина од 803 хектари. Досега се засадени 30 милиони дрвца на површина од 12. 200 000 хектари.