Печати

Стипендија "Спортска Надеж" за млади талентирани спортисти до 20 години

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Во делот на подобрување на можностите за младите спортисти како темел за иден развој на македонскиот спорт, Агенцијата за млади и спорт со задоволство објавува дека на предлог на националните спортски федерации ги верификува новите носители- млади спортисти до 20 години кои се стекнуваат со стипендијата “Спортска надеж”.

Стипендијата “Спортска Надеж” претставува паричен надоместок која талентираните спортисти ја добиваат во текот на 10 месеци во годината во вредност од 20% од просечната плата исплатена во претходната година (4200 денари месечно).

Агенцијата за млади и спорт оваа стипендија ја доделува во насока на развој на спортот, поддршка и стимулација во остварувањето на повисоки спортски резултати и обезбедување на квалитетна иднина за македонскиот спорт. Стимулот на младите од овој тип, значи многу за младите талентирани спортисти да опстанат во битката за градење на професионалниот лик и создавање идни репрезентативци кои ќе ги бранат боите на државата.

Свечената манифестација за доделување на стипендијата “Спортска Надеж”, ќе се одржи традиционално во месец Декември оваа година.

Листата на категоризираните спортисти е објавена Службениот весник на Република Македонија и на интернет страницата на Агенцијата за млади и спорт.