Печати

Промотивна акција по повод "Ден на дрвото"

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Денеска во 12 часот и 30 минути, директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, заедно со градоначалникот на општината Центар Владимир Тодоровиќ, како и претставниците од Ден на дрвото, во основното училиште Коле Неделковски ги засадија првите промотивни дрвца од овогодинешната десетта акција која ќе се огранизира под мотото Спортски е да се сади.

Акцијата за Денот на дрвото се одржува по десетти пат, петта година по ред. Главното садење ќе се случи на 21 ноември, следната среда, а ќе бидат засадени 3,2 милиони девца од видот на чемпрес, бор и даб. Со акцијата ќе бидат пошумени 800 илјади хектари.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Поповски, рече дека спортистите треба да ги мотивираат граѓаните масовно да и се приклучат на акцијата.

-         Оваа акција заедно со граѓаните ќе садат и најдобрите македонски спортисти што треба да претставува мотив плус за граѓаните помасновно да се вклучат во раззеленувањето на Македонија. Потребно е сите да се вклучиме во акциите од овој тип бидејќи на тој начин ќе им оставиме позелена Македонија на идните генерации- рече Поповски.

На денешното промотивно садење пред големата акција на 21-ви ноември, дрвца засадија и дел од македонските спортисти, како фудбалерите на ФК Вардар, Остоја Стјепановиќ, Милан Илиевски и Раденко Бојовиќ, кошаркарите на КК Работнички Џон Шарпер, Јане Петровски и Ненад Зивчевиќ и македонскиот боксер Вели Мумин.