Печати

Одржана едукативна спортска работилница на тема: „Одбојка“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Монтесори центарот со поддршка на Агенцијата за млади и спорт ја реализираше втората од предвидените десет едукативните спортски работилници. Работилницата се одржа на 10 ноември (сабота) во салата на одбојкарскиот клуб „Форца“ во населбата Тафталиџе, Скопје. На работилницата присуствуваа 12 деца на возраст од 4 до 10 години под водство на двајца Монтесори педагози и еден асистент од Македонското Монтесори Здружение. Тренерите Гоце и Ема со децата ги споделија своите лични искуства во одбојката, им ја покажаа опремата за одбојка, а имаа и можност да присуствуваат и на тренинг и да искусат како се подготвуваат одбојкарите во рамки на еден тренинг.

 

Децата добија многи интересни информации и за историјатот на одбојката и елементите и правилата на игра. Во салата на одбојкарскиот клуб децата имаа можност и да ги искусат основните движења кои се потребни за да се игра одбојка, а воедно и да искусат кои вежби се потребни за загревање на телото, како да ја дочекаат одбојкарскакта топка и како да ја префрлат преку мрежата на полето за играње на одбојка. Посебен впечаток на децата им остави дружењето со одбојкарите и тренингот организиран за нив.