Печати

Одржан меѓународниот џу џитца турнир СКОПЈЕ ОПЕН 2012

вклучено . Објавено во Соопштенија

На ден 10 ноември 2012 година (сабота) во спортската сала "Македонско сонце" нас. Пролет се одржа меѓународниот турниор "СКОПЈЕ ОПЕН 2012" кој  свечено го отвори Директорот на Агенција за млади и спорт м-р Лазе Поповски.
Тоа е традиционален турнир кој трета година по ред се одржува во Скопје и на него учество земаат екипи и репрезентации од Словенија, Црна Гора, Србија, Босна, Бугарија, Турција и Македонија. На турнирот се натпреваруваа деца, кадети, јуниори и сениори во машка и женска конкуренција.
Турнирот е поддржан од Градот Скопје, Општина Центар и од Агенцијата за млади и спорт.
 Во склоп на турнирот се одржа и четвртото коло од Јадранската лига чиј претседател е токму Претседателот на Македонската Џу-Џитца Федерација, Александар Ацевски 2 ДАН реален аикидо и 3 ДАН џу-џитсу.