Печати

Одржан семинарот "Допингот во спортот"

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Денеска во салата на Советот на град Скопје се одржа семинарот за анти-допинг "ДОПИНГОТ ВО СПОРТОТ" кој го организираа Агенцијата за млади и спорт во сорабтка со Македонскиот олимписки комитет. На семинарот свое учество земаа директорот на Агенцијата за млади и спорт,Лазар Поповски, ген.секретар на МОК Сашо Поповски,  д-р Илија Стоилов - Комисија за анти-допинг при АМС и д-р Зоран Ханџиски -  Комисија за анти-допинг при АМС.

На семинарот кој беше посетен од 50-тина спортисти и членови на федерациите, се зборуваше и презентираше за користењето на недозволени супстанции на спортистите како и спречување на допингувањето во иднина.

Директорот Поповски, истакна дека допингувањето е проблем на денешницата со кој се соочуваат спортистите и кој треба да се искорени доколку сакаме да имаме чист спорт.

Македонија е една од земјите кои ја имаат потпишано Декларацијата на УНЕСКО за борба против допингот. Почитувајќи ја оваа декларација, во склоп на Агенцијата за млади и спорт има составено комисија за анти-допинг, која редовно врши контроли врз професионалите спортисти- рече Поповски.

Останатите учесници меѓу кои ген.секретар на МОК г-дин Сашо Поповски, д-р Илија Стоилов и д-р Зоран Ханџиски  на семинарот во своите излагања, ги запознаа посетителите, за почетоците на допингот, за користењето на недозволени супстанции, за нивните последици, како и за начинот на спречување на спортистите од користење на недозволени спустанции. Покрај тоа, напоменаа дека голем број познати спортисти, откако биле откриени дека користели недозволени супстанци, нивните кариери во момент пропаѓале и биле непожелни меѓу спортистите и спортските работници.Еден од нив кој беше посочен како најнов пример кои користел недозволени супстанци беше Ленс Армстронг, освојувачот на голем број медали на велосипедскиот спорт.   

Според статистиката која беше објавена, во Македнија досега се имаат направено 500 допинг тестови, почнувајќи од 6 март 2005 година кога за прв пат е направен ваков тест, од кои четири се покажани за позитивни, а уште четворица спортисти кои направиле анти-допинг тестови кои требале да се наптреваруваат на меѓународни натпревари исто така биле позитивни.