Печати

Прес-конференција ЗЛАТЕН ГОНГ 2012

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Денеска,(06.11.2012 година), во 10 часот и 30 минути во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прес-конференцијата по повод 42-то издание на манифестацијата Златен гонг 2012. На прес-конференцијата учествуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски, Бобан Блажевски, проф.д-р Војо Настевски, како и Живко Дуковски од организациониот одбор на ЗЛАТЕН ГОНГ.

Директорот Поповски рече дека е потребно оваа манифестација да се децентрализира со што ќе се поттике развојот на боксот, кој во моментов стагнира, и во помалите градови.

Потребно е повеќе општини да покажат интерес за организација на манифестации од ваков тип. Мило ни е што оваа година полуфиналните борби ќе се одржат во општината Радовиш. Боксот во моментов ни стагнира, по Примислав Димовски и Вели Мумин немаме млади боксери кои тргнуваат по нивните стапки. АМС во континуитет вложува околу 3 милиони денари во Боксерската федерација и од  нив се очекува да посветат поголемо внимание во работата со млади категории и создавање нови боксерски имиња - рече директорот Поповски.

Членот на огранизациониот одбор на манифестацијата Златен гонг 2012 година, Бобан Блажевски, информираше дека оваа година полуфиналните борби ќе се одржат во Радовиш на 9-ти ноември, а финалните на 10-ти ноември со почеток во 12.00 часот во Спортскиот центар Борис Трајковски.

За оваа година се пријавени 46 боксери од осум држави и тоа: Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Словенија и Унгарија. Од Македонија оваа година ќе има осум боксери. Воедно, сакам да испратам една отворена покана до сите љубители на боксот да дојдат и да ги гледаат борбите.

Проф.д-р војо Настевски информираше дека оваа година ќе се доделат шест пехари и еден Златен гонг, но за разлика од претходните години нема да има парични награди, поради кризата која го опфати и спортот

На прес-конференцијата присуствуваше и организаторот и основач на првиот Златен гонг, Живко Дуковски.

На самиот крај, сакам да и се заблагодарам на Агенцијата за млади и спорт која континуирано ја подржува оваа манифестација која за прв пат се огранизираше во 1969 година. Ова е најстара боксерска манифестација и се надевам дека и понатаму ќе продолжи да го претставува спортот во Македонија во најдобро светло - заврши Дуковски.