Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Финансиска поддршка за здруженија и фондации

вклучено . Објавено во Соопштенија

По одобрените финансиски средства за поддршка на невладините организации за реализација на проекти од областа на младите, Агенцијата за млади и спорт објави вонреден Оглас за финансиска поддршка на здруженија со број 12-1752/2 од 27.11.2020 година

На вонредниот оглас пристигнаа 50 апликации од страна на невладините организации.

Согласно Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите, комисијата ги разгледа апликациите и достави извештај до директорот на Агенцијата за млади и спорт.  Висината на финансиската помош е 1 600 000 денари распределени на десет здруженија чии апликации ги исполнија условите наведени во правилникот.

На листата на здруженија кои остварија право на финансиска помош се :

-          Здужение на правници ЛЕГАЛ ТИНК Штип

-          Студентски Парламент на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

-          Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ Гостивар

-          Здружение за личен раст и развој и психоедукација Мој Психолог- Скопје

-          Здружение МЛАДИНСКА КОМОРА Битола

-          НВО МИЛЕНИУМ

-          Мозаик- Меик Скопје

-          Урбано Општество

-          Денсерс Јунајтед

-          Извиднички Поречански одред Крсте Јон Струга

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија