Печати

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres t

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод освоениот европски сребрен медал во таеквондо.

-       Особена чест ми претставува што денес, кај нас, во куќата на спортот е Дејан Георгиевски, Вицешампион на Европа во таеквондо. Од таа причина, најпрвин би сакал искрено да му честитам првенствено на Дејан, за освоениот сребрен медал а на челниците на Националната федерација да им се заблагодарам за успешно остварените цели и за сите досегашни резултати, кои овозможија овој спорт да се стави на врвот на спортовите во нашата држава. Нашите очекувања се со сигурност ваша крајна цел, а тоа е остварување на олимписка норма за Токио,  изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт останува на ставот дека остварувањата се резултат на макотрпна работа не само на спортистите, туку и на целокупниот стручен штаб на чело со федерацијата, кои со своите успеси докажуваат дека поддршката е на вистинска адреса.

-       Само бод ме делеше од златото, но понекогаш мал пад на концентрацијата или спортската среќа се пресудни во овој спорт. Искрено се надевам дека претстојните квалификации за ОИ , кои се закажани за Мај 2021 во Софија ќе бидат последен чекор на мојот пат за Токио, истакна Георгиевски.

-       Освоеното сребро на Европско сениорско првенство во олимписко таеквондо кое се одржа во Сараево е историски медал за македонскиот олимписки спорт, а  овој медал се вбројува во неколкумина медали на официјални Европски првенства освоени во олимписки спортови одкако Македонија е независна држава, истакна претседателот на таеквондо федерацијата и тренер, Борче Костовски.

Тој додаде дека искрено се надева на добра соработка со новиот челник на АМС, директорот Наумче Мојсовски првенствено заради неговиот спортски национален придонес.

ams dg