Кошаркарско игралиште во Аеродром
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во градежните активности за изградба на Кошаркарското игралиште, кое е лоцирано во Општината Аеродром.
Со поставувањето на овие игралишта поради предвидените стандарди кои ги исполнуваат истите ќе може да се користат и за официјални натпревари во Уличен баскет 3х3 (street basket).
Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да инвестира во развој на спортската инфраструктура што значи грижа за постоечките и изградба на нови објекти - истакна директорот Мојсовски.