Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams poe

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја поттикнат поетската кретивноста на младите.По тој повод, денес во просториите на АМС се доделија наградите за најдобрите творби.

Директорот Наумче Мојсовски ги поздрави младите поети и им честиташе за инспиративните мислии истакна дека пријатно е чувството да се биде со толку инспиративни млади луѓе, кои своите мисли ги преточуваат на лист хартија и творат поезија.

Пристигнатите творби беа разгледувани и оценувани од страна на стручната комисија во состав Кристина Николовска - претседател, Христо Петревски и Весна Мојсовска Чепишкова, имаа тешка задача да ги одбере најдобрите

Најдобрите во категоријата од 15 до 20 години: Вероника Гијовска со творбата под наслов „Се што сакав да ти кажам’’ првонаградена, Хава Куртиши со творбата под наслов „А thua’’(„Дали“) беше второ наградена, додека пак творбата со наслов „Златно јаболко“ на авторот Ана Младеноска беше трето наградена.

Додека во повзрасната категорија од 21 до 29 години првонаградена творба беше „ Битисување од љубов“ од автор Емилија Карафилоска, „На мојата љубена Јунона “ на авторот Марија Младеноска беше второнаградена, а третонаградена беше Ивана Јанева со творба „Ехо на тишината“.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија