Печати

Доделено првото решение за училишен спортски клуб во Општина Аеродром

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот Лазар Поповски го предаде првото решение за регистрирање на првиот Училишен спортски клуб Ѓорѓија Пулески во општина Аеродром, на директорката на основното училиште г-ѓа Милка Тринчевска.

Целта на регистирањето на Училишниот спортски клуб е да се поттикнат младите да се занимаваат со спорт, како и да се воведат одредени дополнителни спортски обврски кои значајно ќе влијаат врз развитокот на младите.  Со создавањето на клубови од овој тип, децата помасовно ќе бидат вклучени во спортот, ќе се создаде континуитет во натпреварувањето што позитивно ќе влијае кон насочувањето на младите кон вистинскиот пат на одговрност и дисциплина.

Училишниот спортски клуб Ѓорѓија Пулески Аеродром е првиот регистриран клуб во општината Аеродром. Потребно е и останатите основни училишта, не само од општината Аеродром, туку од целата теритроија на Република Македонија, да регистрираат клубови од овој тип со што ќе може да се создадат Општински спортски сојузи. Преку создавањето на Општинските спортски сојузи ќе се добие поквалитетна училишна лига бидејќи во клубовите од овој тип децата не плаќаат за да тренираат, туку спортот се вклучува во нивното секојдневно живеење.