Печати

Листа на спортски клубови корисници на финансиска поддршка

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams korona

Агенцијата за млади и спорт ја реализира втората мерка од најавениот пакет мерки за систематска поддршка на спортот, а се однесува на спортските клубови кои работат со младински категории.

Листата на спортски клубови кои се опфатени со оваа мерка можете да ја погледнете тука.

Вкупно 17 Милиони денари се распределени на 586 спортски клубови кои работат со младински категории за месеците април и мај.

Сите овие клубови ќе бидат корисници на паричен надоместок во висина од 29.000 денари, за месеците април и мај.

Со ова реализираме уште една од мерките за помош на спортистите и спортските клубови, како дел од сетот мерки за справување со последиците од кризата.