Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Златен медал за Емил Павлов од Салцбург

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams ep i dk

Емил Павлов го освои златниот медал на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија.

По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прием, на кој освен Павлов, присуствуваше неговиот тренер и селектор на репрезентацијата Сашко Арсовски, како и претседателот на карате федерацијата Горан Милковски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски нагласи дека Агенцијата стои на располагање за сите потреби на Емил Павлов, и ќе ги овозможи сите потребни услови за одржување и подигање на формата за наредните настапи во Баку и ЕП во Париз, од каде се очекува обезбедување на норма за настап на ОИ во Токио.

-       Емил е пример како еден спортист треба да се однесува, и за нас е еден од најуспешните спортисти во државава, истакна Каевски.

Пет победи во пет борби, од кои во борбата за злато Емил направи пресврт во последните секунди и успеа да го сврти резултатот во своја корист и да го освои посакуваниот златен медал.

Во момемтов Павлов е седми на Европската ранг листа, и за да обезбеди пласман на ОИ ќе мора да се избори најмалку за бронзен медал на претстојното ЕП, кое од 8-10 мај ќе се одржи во Париз.

ams priem pavlov

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија