Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Европско првенство во карате за кадети, јуниори и У21

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres karat

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод настапот на репрезентативците во карате во Унгарија.

Имено, од 7 до 9 февруари во Будимпешта, Унгарија ќе се одржи 47. Европско првенство во карате за кадети, јуниори и У21, а Агенцијата за млади и спорт е секогаш стартното место од каде ги испраќаме нашите репрезентативци во секоја меѓународна мисија.

Овој пат каратистите ќе имаат тешка задача бидејќи овој шампионат ќе биде најмасовно првенство досега одржано, со рекордни 1155 натпреварувачи од 52 земји.

-Притисокот за нашите репрезентатитвци е уште поголем ако се знае дека минатиот пат во Алборг бевме најуспешна земја со четири финалиња и освоени две златни медали и две сребрени медали.

Јас ќе бидам искрен и ќе кажам дека верувам во оваа репрезентација, која ќе го продолжи континуитетот на високи резултати од претходните генерации, но нема да бидам скромен, ако кажам дека очекувам уште повеќе медали, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт, како и секогаш, така и сега, ќе го награди секој успех на репрезентативците. Затоа им порача да го дадат максимумот и да влезат посветено во секоја борба со противниците зошто секој успех кој ќе го запишат покрај своето име, ќе ја направат горда нацијата и ќе го запишат името на државата.    

На пресот свои излагања имаа и селекторите, кои едногласно се сложија дека целокупната репрезентација е одлично подготвена.

Во кати имаме 6 претставника, во кадетска и јуниорска конкуренција 9 натпреварувачи и 17 репрезентативци во највозрасната категорија У21.

ams pres grupna

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија