Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Доделени 1.700.000 денари на 7 младински организации за реализација на проекти

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams mladi 1

Врз основа на одобрените средства со Буџетот на Република Македонија на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година  во делот за млади, на невладините организации  кои ќе реализираат проекти од областа на младите, а се дел од  Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации, се одобруваат средства во вкупен износ од 1.700.000,00  денарии тоа на 7 (седум) невладини организации: Асоцијација за младинско зајакнување за проектот “Стартап генерација”, Коалиција на младински организации за проектот: “Преку вработливост до социјална инклузија на младите луѓе”, ЦМА КРИК за проектот “Поддршка на процесот на деинституцијализација-вклучување во заедницата на младите лица со попреченост од специјалните училишта”, Еко Воденица с. Градешница Новаци за проектот “Користи ја сончевата енергија за почиста и поздрава околина”, ГАИ – Битола за “Мултикултурен витраж”, Прогрес за “S” Фактор и Профицијо за “Млади за партиципативна демократија”.

Агенцијата за млади и спорт продолжува со поддршка на младинското граѓанско општество, иницијативите и креативното изразување на мислењата и ставовите на младите.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија