Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Пет медали за младите олимпијци по природни науки

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams olimp

Никола Спировски и Мајкл Георгиевски се носители на сребрени медали, додека пак со бронзени одличја ги закитија Емилија Николовска, Матеј Гелев и Стефан Дрмач на 16-та меѓународна јуниорската олимпијада по природни науки, која од 9-12 декември се одржа во Доха, Катар.

Тие, заедно со Теона Крстевска, се дел од македонскиот олимписки тим, кој после четиримесечни селекции низ општински, регионални и државни натпреварувања, како и доусовршувања на ПМФ зема право да учествува на ова големо натпреварување.

Македонските ученици  ги измерија своите знаења по физика, биологија и хемија, со над 400 врсници од цел свет, придружени од менторите-професори од ПМФ.

Покровители на нивното заминување во Катар беа Фондот за иновации и технолошки развој, Агенцијата за млади и спорт и градоначалниците од градовите од каде потекнуваат младите македонски олимпијци.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија