Печати

Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pp 2

Нашата метропола е домаќин на уште еден настан од светски ранг, ИТТФ челенџ турнир во пинг-понг за кадети и јуниори.

По тој повод, Агенцијата за млади и спорт организираше прес- конференција на која свои излагања имаа директорот на Агенцијата за млади и спорт,  Дарко Каевски, претседателот на Пинг-понг федерацијата на Северна Македонија, Горан Тиловски, како и претседателот на Светската пинг-понг федерација (ИТТФ) Томас Вајкарт.

-По одржувањето на Балканското првенство во Скопје во текот на јуни со рекорден број држави учесници, 12, Скопје и Пинг-понг федерацијата на Северна Македонија се домаќини на првиот турнир под покровителство на ИTТФ, Отвореното првенство на Северна Македонија за јуниори и кадети.Одржувањето на настани од ваков ранг укажува на податокот за зголемениот интерес за пинг-понг спортот во државата, но и за успешност во работата и менаџирањето во Пинг-понг федерацијата, изјави Каевски.

Претседателот Томас Вајкарт (ИТТФ) изрази огромна благодарност, првенствено за гостопримливоста на домаќините, чија држава ја посетува прв пат и е позитивно изненаден од организацијата, бројот на земји учеснички, но и од поддршката која државата ја дава на Пинг-понг федерацијата во организација на настани од училишен спорт, па се до сениорски натпреварувања.

- Земјите од Балканот имаат огромна традиција за пинг-понг,а моите очекувања се да ја посетам Вашата земја и идната година, кога водени од позитивните реакции на ИТТФ за успешните реализации на манифестациите годинава, ќе можете да се изборите за нови натпреварувања од уште повисок ранг, изјави Вајкарт.

Пинг-понг федерацијата обезбеди четири директни линкови преку кои љубителите на пинг-понгот преку каналот во живо (You tube)  ќе можат да ги следат натпреварите од турнирот.

-Над 100 учесници и 50 официјални лица од повеќе од 20 земји од светот (Шведска, Индија, Норвешка, Шпанија, Италија, Словачка, Чешка, Хрватска, Перу, Србија, Бугарија …) се пристигнати во Скопје и  се борат за титулите на овој турнир, а  доаѓањето на високи официјални лица од Светската и Европската пинг понг федерација треба да обезбеди дополнителен мотив за развој на пинг-понгот во државава, изјави пртетседателот на Пинг-понг федерацијата на Северна Маекедонија, Горан Тиловски.