Печати

Скопје трча

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk sk trca

"Skopje Run 10K" е трка која ќе се одржи трета година по ред и која на сите тркачи и рекреативци им овозможува уште една можност да спортуваат и да се натпреваруваат.

На прес конференцијата одржана во Агенцијата за млади и спорт свое излагање имаше директорот Дарко Каевски, Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје и Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

-Ако во минатото беше реткост да се трча, денес, е сосема нормално, а спортувањето станува култура на живеење во нашата држава, особено во нашиот град.

Трката на 10 километри има рекреативен, но и натпреварувачки карактер и дава јасна порака до сите граѓани за потребата од физичка активност, истакна Каевски.

Тој испрати повик до сите граѓани да земат учество во настанот, без разлика дали се натпреварувачи или љубители на трчањето кои со своето присуство ќе дадат свој допринос во промоција на настанот и градот.

Директорот на Виз Ер Скопски маратон Кире Синадиновски стави акцент на се поголемиот број на пријавени натпреварувачи, потенцирајќи дека оваа година има атлетичари од Кенија кои ќе придонесат кон подобрување на квалитетот и брзината на трката.

“Skopje Run 10 K”, по иницијатива на Атлетската федерација ќе биде истовремено и Државно првенство на 10 километри.

-Упатуваме повик за разбирање на сите граѓани кои гравитираат околу улиците на кои ќе се одржи трката, и истовремено ги повикуваме со своето присуство да дадат поддршка на натпреварувачите, истакна Синадиновски.

Претставникот од Сојузот на спортови на град Скопје се осврна на хуманитарниот акцент на трката, кој ќе се реализира со давање симболична сума за маичките за учество во трката, нагласувајќи дека истите можат да ги добијат и граѓаните кои  како публика ќе дадат свој допринос во хуманитарниот дел од настанот.

Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт на РСМ и Град Скопје, а ко-организатор е МВР на РСМ.

ams 10 k