Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Посета на Спортската Академија во фудбал

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Денес, четврток 25.10.2012 година со почеток во 09.30 часот, Директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, како и директорот на Македонската фудбалска репрезентација, Петар Милошевски, на фудбалското игралиште Алумина ги посетија учениците-спортисти од Спортската академија од паралелката фудбал.

 

За време на тренингот, младите фудбалери добија корисни совети од директорот на АМС, како и од гостите кои присуствуваа на нивниот трениг.

Директорот Поповски истакна дека со повикувањето на истакнати спортски великани се зголемува самодовербата кај младите талентирани луѓе кои се стремат да станат професионални спортисти.

- Во програмата и планот за работа е предвидено познати спортисти да држат предавања со што ќе се зголеми самодовербата кај овие талентирани деца. Потребна ни е поддршка од нашите спортски великани, да ни помогнат во развојот на младите во професионални сопортисти. Од нив ќе научиме како да го искористиме нивниот потенцијал. За во иднина е планирано, вакви предавања да не вршат само домашни, туку да донесеме и странски тренери, спортисти и селектори- рече Поповски.

Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, додаде дека оваа Академија е позитивен чекор во создавањето на професионални спортисти според сите стандарди.

- Во сите земји постојат вакви академии од каде излегуваат спортски легенди. Целта на Спортската академија е да ги детектира талентираните деца и да ги насочи кон правилен развој. Позитивно е тоа што освен на тренинзите, се обрнува и големо внимание на образванието. Децата се учат на дисциплина што е исто така позитивно. За во иднина е потребно да се подобри само инфраструктурата, како и да се создаде медицински тим кој постојано ќе ги следи децата.Верувам дека од оваа Академија ќе излезат квалитетни играчи кои ќе бидат барани насекаде во светот-изјави Јаневски.

Средношколците ги поздрави и директорот на Македонската фудбалска репрезентација, Петар Милошевски, кој исто така го поддржа проектот за создавање на Спортска академија.

- Ние како ФФМ целосно го поддржуваме овој проект на Агенцијата за млади и спорт и гледаме да бидеме целосно вклучени во реализацијата на програмата на паралелката за фудбал. Засега проектот функционира солидно и се надеваме дека од година во година, академијата се повеќе ќе се развива- рече Милошевски.

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија