Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Одржана едукативна спортска работилница на тема: „Кајак“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Монтесори центарот со поддршка на Агенцијата за млади и спорт ја реализираше првата од предвидените десет едукативните спортски работилници. Работилницата се одржа на 20 октомври (сабота) во кајакарскиот клуб „Ластовица“ во прекрасниот амбиент на вливот на Треска во Вардар. Благодарение на Јавното Сообраќајно Претпријатие –Скопје,  превозот до локацијата беше организиран со минибус. На работилницата присуствуваа 14 деца на возраст од 4 до 10 години под водство на двајца Монтесори педагози од Македонското Монтесори Здружение. Исто така на работилницата присуствуваше Директорот на Агенцијата за млади и спорт г- дин Лазар Поповски  со дел од тимот, како и претставник од Кајакарската федерација на РМ, г-дин Атанас Николовски. Присутните, како врвни спортисти во кајак ги споделија со децата своите личните искуства од кајакарството, ја покажаа опремата за возење, а децата имаа можност и да седнат во кајак. Децата добија многу интересни информации и за историјатот на кајакарството и правилата за возење  на кајак. 

Во просториите на кајакарскиот клуб ги видоа и дел од наградите што нашите кајакари ги имаат освоено на домашните и меѓународните натпреварувања. Со еден збор кажано, децата поминаа еден прекрасен ден, се запознаа одблизу со кајакарскиот спорт, а посебен впечаток им остави дружењето со нашите најдобри кајакари.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија