Печати

Јавен повик за формирање на работни групи за НСМ

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams logo web

Јавен повик за пријавување претставници на граѓански организации и заинтересирани лица за членови на работни групи и фасилитатори за изготвување на Акциски план 2020 за Националната стратегија за млади  

На консултативните средби за Националната стратегија за млади , кои се одржаа на  10-ти и  11-ти јули во Клубот на пратеници, а на кои учествуваа претставници на граѓански организации и институции, се потенцираше потребата од креирање на Акциски план за Националната стратегија за млади за 2020 година, како и усогласување на НСМ со останатите релевантни акти и документи во областа млади. 

За таа цел  Агенција за млади и спорт објавува Јавен повик за пријавување на претставници на граѓански организации и заинтересирани лица за учество во работни групи и фасилитатори на групите, за изготвување на Акциски план за Националната стратегија за млади за 2020 година.

Работните групи ќе бидат составени од претставници на институциите и граѓанското општество, кои активно ќе учествуваат во целокупниот процес.

Процесот ќе се одвива во рамки на 6 (шест) работни групи  и тоа:

1.            Младинско учество и сервиси за млади

2.            Образование и вработување

3.            Спорт и здравје

4.            Култура

5.            Младински стандард

6.            Маргинализирани заедници

Сите заинтересирани граѓански организации и лица кои сакаат да учествуваат во работните групи како членови на работна група, потребно е да се пријават на следниот ЛИНК , во рамки на кој треба да прикачат портфолио на граѓанската организација, односно CV (Curriculum Vitae) за физичките лица. Една граѓанска организација може да номинира свои претставници во различни работни групи.

Сите заинтересирани лица кои сакаат да учествуваат во рамки на работните групи како фасилитатори на групите,потребно е да се пријават со доставување на CV (Curriculum Vitae) на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Истите може да се пријават и да бидат селектирани за фасилитирање на само 1 (една) работна група.

Фасилитаторите ќе бидат ангажирани за период од 4 (четири) месеци (септември – декември 2019 година) , со месечен надомест во висина од 15% од просечната месечна нето плата во Република Северна Македонија исплатена за претходната година.

Фасилитаторите е потребно да ги исполнуваат следните критериуми:

-              Фасилитаторот треба да биде член на организација која работи во областа на која се однесува работната група;

-              Учество и раководење на најмалку 3 (три) проекти во областа за која фасилитаторот се пријавуваво изминатите 2 (две) години;

-              Искуство во фасилитирање настани, презентации или обуки;

-              Релевантно искуство во областа, развиени вештини за модерирање и фасилитирање на работни групи.

Фасилитаторите ќе имаат обврска да ја координираат работата на работната група, да свикуваат состаноци и да ги информираат останатите членови од групата за истите, да се во постојана комуникација со членовите на организациите и институциите, да бидат достапни и да се грижат за непречено одвивање на средбите и функционирањето на работната група.  Средбите на работната група би се одвивале најмалку 2 пати месечно, а по потреба и почесто со цел да се одржи континуитет, но и да се успее во исполнување на предвидената временска рамка.

Рокот за пријавување е 5 септември 2019 година (четврток), 16.00 часот.

Контакт:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Лице за контакт: Ана Манасиева, сектор млади,  Агенција за млади и спорт  - 071 259 781/ Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.