Печати

На 6 и 7 јули ќе се одржи ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019.

вклучено . Објавено во Соопштенија

ohrid triatlon 1024x576

Македонска триатлон федерација и локалниот организатор “Спорт за сите, сите за спорт” на 6 и 7 јули покрај „Билјанините извори“ во Охрид, ќе ги организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019.

Претседателот на федерацијата Иван Михајловски очекува се да помине во најдобар ред.

– Втора година по ред Охрид ќе биде домаќин на голем триатлонски настан. Одличното искуство од ланското ЕТУ Балканско првенство што го реализиравме на истата локација, нѐ измотовира и годинава да направиме уште еден натпревар со кој триатлонската зедница во нашата земја ќе се гордее, порачува Иван Михајловски, Претседател на Македонска триатлон федерација.

Настанот е под покровителство Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт, и Македонскиот олимписки комитет.

Пријавувањето за Јуниорскиот европски куп во машка и женска конкуренција се реализира преку националните федерации. Трката наменета за јуниори, родени помеѓу 2000 и 2003 година ќе се состои од: 750м пливање, 20км велосипед и 5км трчање.