Печати

АМС - партнер во проектот "Запознај ја Преспa"

вклучено . Објавено во Соопштенија


ams prespa

“Запознај ја Преспа” е проект кој за прв пат се одржува во нашава држава, а има за цел да ги сплоти младите од регионот и пошироко со млади од соседството, пред се Грција и Албанија, преку дружба, спортување, фестивал на храна и органски производи, трибини и промоции.
По тој повод, во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција , на која освен директорот Каевски, се обрати и Градоначалникот на Ресен, како и претставник од Планинарското друштво “Prespa bike”.
Голема чест и задоволство ми е што АМС ќе биде дел од еден ваков проект, кој претставува промоција на спортот, културата, гастрономијата на еден прекрасен регион, како што е Преспа, изјави Дарко Каевски.
Општината Ресен, како водечка институција е носител на проектот, заедно со Планинарското друштво “Prespa bike”, во чија организација е велосипедска и планинарска тура на Галичица.
Покрај спортските настани, планирани се панел дискусии, музички настапи, садење дрва на Галичица, дегустација на традиционална храна подготвена од „Рурални жени од Преспа“, презентација на локални органски производи, игри и забава за најмладите.