Печати

Северна Македонија Осма на Светските Ранг Листи во Параглајдинг по Европскиот Куп во Албанија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams paraglajd

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт беше организиран прием по повод одличните остварувања на македонските параглајдеристи на последните меѓународни натпреварувања.

Директорот на АМС Дарко Каевски разговараше со нашите најдобри параглајдерист, Борјан Јовановски, претседателот на Комисија за параглајдинг при ВФМ, како и со генералниот секретар на Воздухопловна федерација на Македонија, Билјана Еверет, за сите успеси во изминатиов период, но и за претстојното светско првенство во параглајдинг, закажано за Август 2019 во Крушево.

Параглајдеристот Борјан Јованоски во моментов е најдобриот параглајдерист, освојувач на  второто место на европски куп во параглајдингАлбанија Опен кој се одржа од 4 до 11 мај во Валона, Албанија, прво место на Евро куп кој се одржа во Крушево 1-2 јуни 2019, како и второ место на Евро Куп во Романија 8-9 јуни 2019.

Во месец март, во  Џирокастер, соседна Албанија се одржа меѓународен натпревар во параглајдерство, дисциплина прецизно слетување. 

Севкупен победник на натпреварот е Борјан Јованоски член на Параглајдинг Клуб "Делта", со вкупно 26 сантиметри, додека во женска конкуренција првото место го освои Александра Уфцеска член на клубот "Sky no limit".

Параглајдеристот Борјан Јованоски го освои третото место на Промахи Опен, ФАИ2 Меѓународен Параглајдинг натпревар во категорија Крос Кантри кој се одржа од 10-14 април во Промахи, Грција.

Параглајдеристите повторно со одлични резултати на Светски куп во параглајдинг, прецизно слетување кој се одржа во Аланија, Турција 27-29 април. Во поединечна конкуренција најдобар пласман оствари Борјан Јованоски со шесто место од 93 натпреварувачи, што ја стави нашава земја на 8-мо место на светската ранг листа.

Успехот на македонските параглајдеристи е успех и за целата држава. Северна Македонија , која сега е рангирана во првите десет на светските ранг листи, а тоа ја прави земјата атрактивна и пожелна за активни туристи од целиот свет. Доказ за тоа е организацијата на 16то светско првенство во параглајдинг во Крушево, Август 2019.