Печати

Присуство на Директорот на Агенцијата за млади и спорт на работилница за спортска едукација на најмладите

вклучено . Објавено во Соопштенија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски денеска присуствуваше на првата работилница од проектот за спортска едукација на најмладите, организиран од македонското Монтесори Здружение.

На денешната работилница за кајак, Директорот им пренесе дел од своето знаење и искуство на најмладите, зборувајќи за основните правила во кајакот,историјата и најуспешните достигнувања на кајакарите .Воедно, децата беа заинтересирани да слушнат и повеќе за неговите успеси и развој, како спортист.

Во рамки на проектот предвидени се десет саботни работилници за едукација на најмладите, со што преку теоретски и практични предавања, најмладите ќе се стекнат со основно знаење за најпопуларните спортови.

Повеќе информации за работилниците и начинот на пријавување може да се добијат на страната на Македонското Монтесори Здружение www.montessori-macedonia.org или преку e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.