Печати

Светската танцова елита во Скопје

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres tanci

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Танцовиот клуб Прима Данцаза прв пат во нашава држава ги организира следниве натпревари:

WDSF WORD OPEN STANDARD & LATIN

-WDSF OPEN STANDARD & LATIN  za YOUTH

-WDSF OPEN STANDARD za SENIOR 2

-WDSF OPEN STANDARD za SENIOR 3

-WDSF OPEN STANDARD za SENIOR 4

-DSE STANDARD & LATIN za JUVENILE

-DSE STANDARD & LATIN za JUNIOR 1

-DSE STANDARD & LATIN za JUNOR 2

-WDSF MODERN DANCES

По тој повод, Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција, на која присуствуваа водечките лица на Танцовата федерација на Македонија, претседателот на Танцовата спортска федерација на Црна Гора и WDSF интернационален судија Милош Рабреновиќ и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Преку 2500 натпреварувачи во латино, стандард и модерни танци од 38 држави, меѓу кои седум од 15-те првопласирани танцови двојки ќе настапат во Вип Арена Борис Трајковски.

Програмата започнува утре со почеток од 8 часот, а вечерниот термин од 19 часот е резервиран за полуфинални и финални натпревари.

Во недела натпреварите започнуваат од 9 часот во големата сала, додека пак во малата сала со почеток од 7 часот изутрина ќе се одржи тренинг танцов камп, како и меч анализи.

На овој натпревар, на кој ќе се  претстави светската танцова елита завршниот збор ќе го дадат преку 33 светски познати WDSF судии од преку 26 држави.

За сите оние кои нема да имаат можност да присуствуваат на натпреварите, истите можат да ги следат на Live Stream канал на Web страната на светската танцова федерација.