Печати

Билатерална средба со градоначалникот на Плоешти

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk rom

Во рамки на посетата на Романија, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски придружуван оддипломатскиот претставник на нашата држава во Романија, Амбасадорот Габриел Атанасов оствари билатерална средба со градоначалникот на градот Плоешти, Адриан- Флорин Добре.

Каевски на средбата потенцираше дека ваквите средби се многу важни особено кога се работи за продлабочување на соработката во областа на спортот, како и за развојот на младинските програми кои европските фондови ги нудат.

Исто така, Каевски на негова иницијата предложи и можност за реализација на заеднички проекти со што главен акцент би се ставил на размена на европските искуствата на младинскиот сектор од единиците на локалната самоуправа во Романија. Со тоа би се доближиле европските вредности на младите од нашата држава.