Печати

Повик

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams SEGA

 

СЕГА објавува повик за вклучување на граѓански организации од Македонија во програма за јакнење на капацитети преку развивање и спроведување акции за застапување. Краен рок 22 февруари 2019.

Во рамките на проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“, имплементиран од Коалиција на младински организации СЕГА со поддршка од проектот на УСАИД за граѓанско учество, ќе се спроведе програма за јакнење капацитет на граѓански организации кои што работат со и за млади. 

Програмата ќе се спроведува во периодот од март – октомври 2019 година а ќе биде насочена кон јакнење на капацитетите на организациите за застапување на потребите на младите пред донесувачите на одлуки на локално и регионално ниво. Истата ќе биде базирана врз основа на наодите утврдени со Индексот за младински развој на Македонија. 

Индексот за младински развој на Македонија е алатка која што е развиена со цел да прибере информации за положбата на младите во рамки на заедницата во која што живеат. Исто така, и да ги утврди предизвиците со кои тие се соочуваат. Целта е  да се идентификуваат прашањата од приоритетно значење за младите и врз основа на аргументирана анализа да се дадат препораки за нивно надминување преку процесот на креирање политики на локално ниво.

Извештајот за 2018 година во рамките на Индексот е достапен на Интерактивната мапа www.imrm.mk и обезбедува преглед на ситуацијата за сите плански региони во Македонија.

Програмата за јакнење капацитети ќе ги содржи следните активности:

Напредна обука за застапување (март 2019 година);

Развивање на Регионални планови за застапување со поддршка од СЕГА (март 2019 година). Плановите за застапување треба да ги адресираат наодите утврдени со Извештајот од Индексот за младински развој на Македонија и,

Спроведување на Регионални планови за застапување со финансиска поддршка од СЕГА (април – октомври 2019).

Подетални информации ќе бидат споделени со организациите кои ќе бидат вклучени во процесот.

Со овој повик се покануваат сите заинтересирани организации од Македонија да се пријават за учество во програмата за градење на капацитети за застапување со што ќе имаат можност да ги применат стекнатите знаења и вештини при спроведување на акции за застапување поддржани со проектот.

Организациите кои сакаат да се пријават треба да пополнат ОНЛАЈН ПРИЈАВА во која треба да го прикачат и Решението за регистрација од Централен регистар.

Селекцијата ќе се базира врз основа на следните критериуми:

Најмалку 1 година постоење;

Претходно искуство во проекти од локален карактер;

Мотивација за работа во мрежи и партнерства и

Членство на млади луѓе во организацијата.

При селекцијата ќе се земе предвид еднаквата географска застапеност на организации на регионално ниво.

Крајниот рок за пријавување е 22 февруари (Петок) 2019, до 16:00 часот.

Организациите кои ќе се пријават на повикот ќе бидат информирани за резултатите од процесот најдоцна до 26 февруари 2019.

Ненавремено и нецелосно доставените пријави нема да се разгледуваат.

За дополнителни информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..">Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Coalition of youth organizations SEGA

Car Samoil 18, 7500

Prilep Macedonia

Phone/fax: +389 48 429 390

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

http://www.sega.org.mk