Печати

Поддршка на проекти од областа на младите

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams nevladini

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт Директорот Дарко Каевски оствари средба со претставниците на 8 те младински организации кои беа избрани да реализираат проекти со кои аплицираа до Агенцијата за млади и спорт од областа на младите.

Тој се заблагодари за интересот на сите оние кој аплицирале на овој вонреден повик за поддршка на проекти од  областа  на младите и им посака успех при реализација на истите.

Воедно на овој вонреден повик се пристигнати вкупно 60 апликации за реализација на проекти од областа на младите.

При распределбата на средствата, Агенцијата за млади и спорт  ги имаше во предвид стратешките приоритети од Националната стратегија за млади, како и актуелните општествени  проблеми.

Oрганизациите кои денес потпишаа договор за реализирање на проектите се :

Еко интеграции - Скопје

Го грин - Скопје

Еднакви за сите – Кочани

Здружение за дислекција Ајнштајн - Скопје

Цет Платформа - Скопје

ЛЕАД – Скопје

Црвен Крст на РМ и

МКЦ - Битола