Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Проект за развој на спортската култура кај најмладите

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Агенцијата за млади и спорт во периодот од октомври 2012 до јуни 2013 ќе даде поддршка на еден  интересен  и веројатно пионерски проект од областа на спортската едукација на најмладите.

Станува збор за едукативни работилници кои ќе бидат реализирани од страна на Македонското Монтесори Здружение, во духот и по принципите на Монтесори педагогијата. Планирани се десет саботни работилници, составени од 15 деца,  под водство на двајца Монтесори педагози. На децата ќе им биде понудено едно поинакво запознавање со различните спортови.  

Главната цел на овие работилници е да се побуди интересот кај децата уште од најрана возраст за тренирање или рекреативно практикување на одреден спорт. Работилниците се концепирани така што децата би се стекнале со теоретско и практично знаење за поединечните спортови. На тој начин децата ќе имаат можност самите да учествуваат во изборот на спорт со кој ќе се занимаваат, но и да добијат и многу интересни информации за настанувањето на одреден спорт, неговиот развој, најпознатите спортисти, светските и олимписките рекорди и слично.

Посебен осврт ќе биде ставен и на развојот на спортот во Македонија, познати спортисти, клубови, рекорди и постигнувања.

Повеќе информации за работилниците и начинот на пријавување може да добиете на страната на Македонското Монтесори Здружение www.montessori-macedonia.org или преку e-mail:   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија