Печати

ИН МЕМОРИАМ АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВСКИ-МАЦ (1948-2012)

вклучено . Објавено во Соопштенија

ИН МЕМОРИАМ

АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВСКИ-МАЦ(1948-2012)

Вчера ненадејно почина големиот спортски работник Александар Атанасовски-Мац.Со спортот се занимаваше од својата рана младост.Најнапред со пинг-понг каде беше освојувач на 12 титули државен првак. Тоа е човекот кој е најзаслужен за развојот на кугларскиот спорт во Македонија . Освен што беше активен играч, во годините потоа беше тренер на три екипи- најнапред на Вардар, па на Вардар- ГТЦ, а од пред неколку месеци ја предводеше екипата на Макпетрол. Последниот настап како тренер го имаше во Бања Лука (БиХ), пред десетина дена во натпреварите од НБС купот. Истовремено беше член на неколку тела во Македонскиот олимписки комитет- на Собранието, во спортскиот директориум и во Олимпискиот совет. Како спортски работник беше на чело на СД “Вардар”. Во меѓувреме долги години беше селектор на нашата кугларска селекција, репрезентација која токму под негово водство ги постигна најзначајните успеси на светско и европско ниво. Погребот ќе се изврши во вторник на градските гробишта “Бутел “ во Скопје.