Печати

Прогласени добитниците на наградите од проектот “Најдобри млади уметници”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams umetnici 2

Како завршен настан од проектот ,,Млади Уметници” кој започна со објавување на Конкурс од страна на Агенцијата за млади и спорт, се постави изложба од пристигнатите дела на млади автори, чие отворање се случи во Национална галерија на Македонија, објект Мала Станица - 2 кат.

На свеченото отварање беа прогласени добитниците на наградите во пет категории (сликарство, скулптура, фотографија, графика и графички дизајн), а наградите за најдобрите ги врачи директорот на Агецијата замлади и спорт Дарко Каевски.

Во категоријата Графички дизајн се пристигнати 6 дела, а наградата се доделува на авторот Антонио Пирковски, со делото „Censored“.

Во категоријата Сликарство, пристигнати се 24 дела, а наградата се доделува на авторот Ивана Горичан, со делото под наслов „Естетика на парите“, техника колаж.

Во категоријата Графика, пристигнати се 7 дела, а награда се доделува на авторот Марко Вуисиќ, со делото „Симбиотска љубов“

Во категоријата Фотографија, пристигнати се 15 дела, а награда се доделува на авторот Теодор Ангеловски, без наслов.

Во категоријата Скулптура, пристигнати се 8 дела, а наградата се доделува на авторот Мариго Исеини, за делото „Магнологија”.

Сите првонаградени автори добија ваучери од по 40 000 денари, а нивните дела можат да се видат на изложбата во Националната галерија – Мала станица до сабота.