Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Одржано Државно првенство во шах

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams drz sah 2

Федерацијата за училишен спорт во соработка со Шаховската федерација на Македонија, Сојузот на училишен спорт на Скопје и Приватната Гимназија Алгоритам го организира Државното првенство во шах за основни и средни училишта.

На првенството учествуваа 112 учесници и тоа 91 машки и 21 женски.

Сите натпревари се играа со временска контрола по играч од 10 минути, со додаток од 5 секунди за секој одигран потег, Швајцарски систем од шест кола.

На првенството беа постигнати следниве резултати:

Основни училишта-машки

  1. Емил Ристески – Скопје, ОУ„Јахја Кемал Јуниор
  2. Андреј Велјаноски - Скопје,  ОУ„Стив Наумов
  3. Матео Ефтовски - Скопје, ОУ„Владо Тасевски

-       женски

  1. Јана Анѓелкоска  Охрид, ОУ„Григор Прличев
  2. Михаела Зрмановска - Скопје, ОУ„Јахја Кемал Јуниор
  3. Леа Ефтовска - Скопје, ОУ„Владо Тасевски

Средни училишта -машки

  1. Ристе Јовчев – Скопје,СУГС„Јосип Броз Тито“
  2. Давид Манески –Прилеп ,СОУМирче Ацев“
  3. Андреј Крстевски –Куманово ,СОУ„Гоце Делчев“

-       женски

  1. Манова Ивана  – Скопје, СУГС „Орце Николов“
  2. Димовска Александра  –Битола , СОЕУЈане Сандански“
  3. Митревска Сара  –Битола , СОЕУЈане Сандански“

Учениците кои освоија прво  место во сите категории се здобија со право на учество на спортскиот камп.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија