Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Златниот гонг за Беким Вјерда од Албанија, Денис Муаремовски најдобар македонски боксер

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams zl gong web 2

„Златниот гонг“ го освои Беким Вјерда од Албанија кој во финалето го совлада Никола Стевановиќ од Србија. Вусшност, ова беше една од најдобрите борби на 47. Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ кој се одржа денес во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Најдобар македонски боксер е Денис Муаремовски, додека најдобар техничар е Виолент Сулејмани. Најдобар странски боксер е Лазар Станоевиќ. Кристијан Ходак од Хрватска е најдобар тренер, а Бранислав Дамајановски од Србија е најдобар судија.

Македонија остана без победа на 47.Златен гонг, а вчера на Денис Муаремовски беше одземена чиста победа. Минатата година Гоце Јанески го освои Златниот гонг.

Нашиот репрезентативец Алмир Нуришов (56 кг, МКД) водеше борба на дистанца со Ардит Муња (АЛБ) во првите две рунди, а втората имаше доста елемнти на борење. Во третата Нуришов тргна поагресивно и имаше неколку успешни удари, затоа пак предниот лев директ и левата контра беа проблем за Алмир. Овие прецини удари и му ја донесоа победата на албанскиот боксер.

Финале – резултати
-56 кг Алмир Нуришов (МКД) – Ардит Муња (АЛБ) 1-2
-60 кг Кренар Зенели (АЛБ) – Матео Комадина (ХРВ) 1-2
-64 кг Артан Алиу (МКД) – Индрит Соколи (АЛБ) 0-2, КО, Р1
-64 кг Мислав Ковачевиќ (ХРВ) – Виолант Силејмани (КОС) 0-3
-69 кг Лазар Станојевиќ (СРБ) – Внехард Хазирај (КОС) 2-1
-75 кг Стефан Паниќ (СРБ) – Арјон Кајоши (АЛБ) 0-3 
-81 кг Никола Стевановиќ (СРБ) – Беким Вједра (АЛБ) 1-2
-91 кг Фран Ходак (ХРВ) – Марко Доциќ (СРБ) 1-2
+91 кг Петар Ходак (ХРВ) – Владан Бабиќ (СРБ) 0-2, ТКО –Р2

Златниот гонг за Беким Вјерда од Албанија, Денис Муаремовски најдобар македонски боксер 

ams zl gong web 3

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија