Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Разрешен е македонскиот претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка

вклучено . Објавено во Соопштенија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски  донесе Одлука за поништување на одлуката за избор на младинскиот претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан, Бојана Наумовска.

Имено, досегашниот младински претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка не ги претставуваше интересите на целокупниот граѓански сектор кои се занимава со младински прашања и младински политики во Република Македонија.

Исто така, во изминатиот период се изврши увид во постапката за избор на Бојана Наумовска за член во Управниот одбор на РКМС, со што се утврди дека постојат низа нерегуларности во поглед на нејзиниот избор и статусот на организациите кои учествувале во работната група (голем број од организациите се со неактивен статус во Централниот регистар и не ги исполнуваат јавно објавените услови).

Агенцијата за млади и спорт работи на целосна транспарентност и вклученост на младите во процесот на одлучување.

Започнува нова постапка за избор на целосно легитимен претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка, во која начелата на транспарентност, инклузивност и независност нема да бидат загрозени.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија