Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Приоритетни политики за млади за 2018-та година

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Kaevski NDI

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски присуствуваше на консултативна средба во организација на Клубот за младински прашања и политики при Собранието на Република Македонија и Националниот Демократски Институт.
На средбата се разговараше за младинското учество, образованието, младинската работа и вработувањето за млади. Каевски говореше за приоритетите на кои се фокусира Агенцијата за млади и спорт во претстојниот период и во 2018-та година.Значаен акцент се става на подигнување на студентскиот стандард. Затоа се предвидува изработка на концепт за студентска платежна картичка, каде што студентите ќе имаат попусти и бенефиции во угостителски објекти, културни и образовни установи, спортски настани. Исто така, младинското учество ќе се зајакнува преку унапредување на локалните младински совети кои ќе бидат вистински претставничките тела на младите на локално ниво. Во моментов се изготвува Прирачник за работата на овие совети. Агенцијата за млади и спорт работи и на зголемена афирмација на Регионалната канцеларија за младинска соработка и информирање на младите луѓе да аплицираат со свои проекти. Во 2018-та година започнуваат и консултативни средби за изработка на Законот за млади, како акт кој треба да ги штити интересите на младите и да биде креиран токму со најзасегнатите страни.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија