Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2017 на која Агенцијата ги повикува сите млади визуелни уметници и групи да поднесат свои авторски дела, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки:

1. Авторите да се на возраст од 15 до 29 години

2. Доставените дела да се од следниве дисциплини:
- Сликарство (со димензии не поголеми од 200х200 см)
- Скулптура (со димензии не поголеми од 200х200x200 см)
- Графика (со димензии не поголеми 100х70)
- Графички дизајн (плакат)
- Фотографија (со димензии не поголеми од 100х70 см)

3. Делата треба да кореспондираат со современите ликовни практики, а тематските и идејните содржини се отворени и се поврзани со рецентното индивидуално творештво на авторите од последните две години. Делата треба да имаат изразен индивидуален, ликовен и креативни ракопис.

Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите млади автори и групи на возраст од 15 до 29 години, да  достават свое дело на конкурсот. Секој кандидат учествува со по едно дело. Изложбата е селективна, а жирито ќе додели по една награда за уметнички достигнувања за петте дисциплини, во износ од  40,000 денари.

Прочитај го целиот КОНКУРС (Симни овде)

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија