Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Редовна средба на Директорот Каевски и претставниците на Националниот младински совет на Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

AMS Sredba 111

Денеска се одржа редовната месечна средба помеѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претставниците на Националниот младински совет на Македонија.
На средбата се разговараше за Првиот отворен повик за аплицирање на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) кој е наменет за проекти на средните училишта и граѓанските организации.
Овој петок е планирана и Инфо сесија во Скопје (во просториите на Агенцијата за млади и спорт) на која младите и сите засегнати страни ќе се запознаат со работата на Локалната канцеларија за младинска соработка во Скопје и со условите за аплицирање на Првиот повик.
Каевски информираше дека се подготвува и Планот за имплементација на Младинската Гаранција. Имено, измината недела се одржа средба со словенскиот експерт, Зоран Котолено на која се детектираа потребите на младите луѓе во Македонија и состојбата на пазарот на трудот.
На работната средба се разговараше и за дополнителна поддршка на талентираните млади луѓе кои ќе бидат опфатени во новиот Закон за млади.
Се интензивира соработката меѓу младинските организации и Агенцијата за млади и спорт. Заедно работиме на решавање на младинските проблеми и вклучување на младите во процесот на донесување на одлуки.

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија