Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams moskva web 2 tane

Во периодот од 11 до 14 октомври оваа година во Москва, Руска Федерација, владина делегација на Македонија претставена преку Агенцијата за млади и спорт зема учество на Меѓународниот Министерски Самит за Младинска Политика. Делегацијата е предводена од Гордана Цекова - раководител на Сектор млади, Тане Димовски - раководител на Одделение за односи со јавноста и Александра Дичевска - советник за меѓународна соработка.

Свое излагање со презентација за младинските политики во Македонија имаше Александра Дичевска која преку Стратегијата за млади 2016-2025 ги презентираше можностите за напредок и развој во младинската сфера.По завршувањето на Министерскиот самит, владината делегацијата ќе ги предводи македонските учесници на најголемиот младински фестивал за студенти и млади, кој оваа година ќе се одржи во Сочи, Руската Федерација во период од 14 до 22 октомври.

ams moskva

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија