Печати

Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

Plakat AMSM 2016 1 page 001 2

На 12 декември 2016 г. (ПОНЕДЕЛНИК) во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица со почеток во 18:00 часот ќе биде отворена изложбата за проектот „Млади уметници“ од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и стручната комисија. Овој проект трета година по ред се имплементира од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Инаку, во рамки на конкурсот пристигнаа 66 дела, а наградени се следните :
- Тамара Антевска (СЛИКАРСТВО),
- Симона Спирковска (СКУЛПТУРА),
- Неслихан Сулејман (ГРАФИКА), ѓ
- Јасмина Трпевска (ФОТОГРАФИЈА),
- Драганчо Божинов (ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН)

Наградените дела беа избрани од страна на независна стручна комисија, а наградените млади уметници добиваат парична награда од 40.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт. Изложбата ќе трае до 18 декември 2016 г.