Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Повик за учество во обука за развој на претприемништво и деловни вештини

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претмприемаштвото кај младите луѓе објавува јавен повик за учество во обука за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини.

Обуката е составена од два модула, во кој првиот модул ги опфаќа претприемништвото, претприемачкиот процес и претприемачот, додека вториот модул од обуката се однесува на деловните вештини потребни за основање и водење на сопствен бизнис.

На повикот можат да се пријават млади лица на возраст од 18 до 25 години, државјани на Република Македонија.

Сите заинтересирани за учество во обуката, пријавата може да ја симнат на линкот подолу, да ја пополнат и да ја испратат по пошта или електронски до Агенцијата за млади и спорт.

- ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ (симни)

- ПРИЈАВА (симни)

Печати

Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови, објави,,Јавен повик за доделување на награди за Млади талентирани лица” на кои повик може да се пријават млади лица. Критериумите за учество на Јавниот повик можете да ги погледнете подоле со симнување на word документот. 

- Јавен повик за доделување на награди за Млади талентирани лица (Симни тука)

* Напомена: Јавниот повик не се однесува на наградите и признанија добиени во спортски дисциплини.

Печати

Европска недела на спортот во Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams ews pres

По повод започнувањето на најголемиот спортски настан во Европа – ,,Европската Недела на Спортот", каде учество ќе земе и Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт, во просториите на АМС, се одржа прес-конференција на која се обрати директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, директорот на СЦ ,,Борис Трајковски Александар Петровски, како и  и националниот координатор за Македонија, Александра Дичевска.

-Стартувајќи од 2015 година, Европската унија зема за цел преку свои проекти да го мотивира населението кон здрав начин на живот преку правилна исхрана, спорт и физички активности.

Печати

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови, петти пат по ред, го објавува ,,Конкурсот за млади поети” и ,,Конкурсот за млади уметници”. Оваа активност е дел од проектите зацртани во годишните активности во секторот млади, кој има за цел да го поттикне творечкото умештво и уметничко изразување кај младата популација.  Во прилог се конкурсите каде сите млади кои се заинтересирани да се пријават и да земат учество, можат директно да се информираат:

- КОНКУРС ЗА МЛАДИ ПОЕТИ (симни конкурс)

- КОНКУРС ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ(симни конкурс)

Печати

Стартува Европската недела на спортот

вклучено . Објавено во Соопштенија

Evropska Nedela na Sportot

По повод започнувањето на најголемиот спортски настан во Европа – ,,Европската Недела на Спортот", каде учество ќе земе и Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт, во просториите на АМС, на ден 21.09.2018 (ПЕТОК) со почеток во 11.00 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обратат 

- Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, 

- Директорот на СЦ ,,Борис Трајковски Александар Петровски и 

- Националниот координатор за Македонија, Александра Дичевска.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија