Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Европската комисија со пофални зборови за АМС за реализацијата на проектот „Европска недела на спортот“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Be Active

Агенцијата за млади и спорт беше носител на проектот на Европската комисија „Европска недела на спортот“ која во период од 23 до 30 септември се одржа на територијата на цела Европа, како и кај нас.

Европската недела на спортот насловена како #BeActive придонесе за развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец.

Печати

Македонската карате репрезентација традиционално на прием во АМС пред тргнувањето на СП во Шпанија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Karate SP Spanija

Агенцијата за млади и спорт е повторно местото од каде македонската карате репрезентација заминува на Светското првенство кое ќе се одржи во период од 06 до 11 ноември, во Мадрид, Шпанија.

На прес-конференцијата организирана во просториите на АМС, свое излагање имаа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и стручниот штаб на македонската карате репрезентација, предводена од Стојан Андриевски и Сашко Арсовски.

Каевски истакна дека карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а за тоа говорат и резултатите. Тоа во изминатиов период го потврдија големите имиња кои испишаа историја.

Печати

Фитнес зона во Чаир

вклучено . Објавено во Соопштенија

amsa cair fitnes

Агенцијата за млади и спорт ги остварува планираните активности.

Уште една успешно завршена Фитнес зона. Станува збор за фитнес зоната во Општина Чаир, каде директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски заедно со градончалникот Висар Ганиу го означија официјалниот почеток за употреба.

Печати

Францускиот амбасадор во Македонија домаќин на состанокот за поддршка на RYCO

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk fr amb

Темата на состанокот беше изнаоѓање изводливи начини за понатамошно зајакнување на меѓусебната соработка за RYCO (регионална канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан и нејзините поддржувачи во Македонија. Ова беше дискутирано на работниот состанок во резиденцијата на амбасадорот на Франција во Македонија, г-дин Кристијан Тимоние.

Печати

Нова мерка за поддршка во спортот

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk vaucer

Агенцијата за млади и спорт, согласно својата Програма за работа во 2018 година и Заклучокот од одржаната средба на 27.09.2018 година на премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Заев со претставниците на националните спортски федерации посветена на подобрување на квалитетот на финансирање на спортот во Република Македонија, одржа средба со претседателите и генералните секретари на националните спортски федерации. На работниот состанок се разговараше на повеќе теми меѓу кои:

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија